|
||||||||
|
![]() Кога правам влез и излез на роба, по кој метод програмот ја вреднува залихата, по ФИФО, ЛИФО или пак по просечни набавни цени?Залихата може да се евидентира по ФИФО (прво набавено прво издадено) или пак по просечни набавни цени (пондериран просек), во зависност од тоа како е означено во конфигурацијата. После првата инсталација на EuroSoft во конфигурацијата е сетиран ФИФО методот за вреднување на залихата, но тоа може да се промени според потребите. Оваа измена најдобро е да се направи на почеток пред да биде внесена било каква залиха. Доколку пак веќе има внесено залиха и евидентирано влезови и излези на роба, после промената во конфигурација потребно е да се активира сервисот за автоматска обнова и рекалкулација на цени, износи и количини. Со тоа ќе се изврши обнова и рекалкулација на сите претходни набавки и продажби, пресметаните маржи и финансиската вредност на преостанатата залиха според новиот метод. Кога изготвувам фактура или испратница дали може да вклучам и податок за рабат?Да. Рабатот како податок може да се конфигурира да појави или не при ажурирање на некои влезни или излезни документи. Подесувањето се прави во конфигурација во делот "Податоци и методи на пресметка". По првата инсталација, програмот доаѓа со конфигурација во која се исклучени некои додатни детали со цел да се поедностави за полесно учење. На корисникот останува кои од нив ќе вклучи според неговите потреби. За почеток сакам да го користам програмот само за изработка на фактури и испратници без да ги евидентирам почетната залиха и тековните влезови. Дали е тоа можно? Дали ќе ми дозволи количински да одам во минус?Да, доколку така се конфигурира. Во програмот постојат три класи на магацини: комерцијала, големопродажба и малопродажба и во сите нив можат да се изработуват фактури и испратници. Секој од нив може да се конфигурира дали да дозволува лагерот да оди во минус или не. По првата инсталација комерцијалата е конфигурирана да дозволува негативен лагер, додека големопродажните и малопродажните магацини и продавници да не дозволуват негативен лагер. Имам ситуација кога издавам фактура врз основ на неколку испратници претходно издадени. Има ли можност автоматски да се преземе соджината на фактурата од испратниците или пак ќе мора рачно да се сумира и да се внесува?
Содржината на една фактура може да биде внесена рачно ставка по ставка, но може да биде и автоматски оформена со поврзување на фактурата со испратниците.
Програмот нуди можност за меѓусебно поврзување на различни документи како почетни и крајни и потоа автоматско сумирање и преземање на содржината од почетните во крајниот документ.
Овој механизам дури гарантира доколку се направи измена во почетниот документ - испратницата, измената автоматски да се рефлектира и во крајниот документ - фактурата.
Кога отворам нова фирма контниот план е празен. Дали може на некој начин да се копира контниот план или ќе траба да се внесува рачно за секоја фирма?Контниот план не мора да го внесувате ниту еднаш, тој може да биде комплетно преземен од два различни пропишани контни плана кои доаѓаат со програмот:
Успешно го преземав контниот план, сега треба да ја расчленам аналитиката. Каде тоа може да се стори, во самиот контен план или во делот за групи на аналитика и аналитика?Аналитиката можете да ја расчлените и таму и таму комбинирано, во зависност од тоа како вас повеќе ви одговара. Купувачите и добавувачите повеќе би одговарало да бидат расчленети во посебна група на аналитика надвор од контниот план. Додека некои аналитики можат да бидат расчленети и во самиот контен план. Кои фискални принтери или каси се подржани за работa со програмот?Моментално подржани се:
За почеток сакам да почнам да го користам минималниот бесплатен пакет. Што е со надоградбата и одржувањето и дали во иднина доколку се јави потреба, ќе можам да преминам на комплетниот пакет?
Со доплата и со внесување на кодовите за активација, во било кој момент, минимален почетен пакет може да се надогради до комплет пакет, и со тоа да се прошири функционалноста на програмот.
Дали како корисник на бесплатниот пакет ќе може да добијам обука за работа со EuroSoft?Да. Услугите од сервис и одржување од страна на МЕТАДАТА им стојат на располагање на сите корисници на EuroSoft, и оние кои го користат бесплатниот пакет и оние кои го имаат надоградено. Тука спаѓат инсталација на програмот, подесување за работа во мрежа, обука на корисниците, прилагодување на изгедот на документите според потребите на корисникот, периодична заштита на базата на податоци, ситни интервенции преку Internet и слично.
|
|
||||||
|
||||||||