|
|
EuroSoft е готов програм за водење на големопродажба, малопродажба, производство и книговодство.
Може да се користи за водење на сопствена фирма или книговодствено биро.
Според потребите програмот се конфигурира.
Пакет понуда на EuroSoft за сопствена фирма (трговија, производство, угостителство)
Ценовник за основни и дополнителни пакети за сопствена фирма
|
Опис на пакетот
|
Цена
|
Магацинско работење со еден магацин и една продавница
|
18000 ден.
основен пакет
|
Комерцијална евиденција за побарувања и наплати
|
Каса за работа со еден фискален принтер
|
Производство со работни налози по нормативи
|
+ 3000 ден.
|
Водење на финансово книговодство за сопствена фирма
|
+ 3000 ден.
|
-
Магацинско работење со комерцијална евиденција и каса спаѓа во основниот пакет, за останатите функционалности се доплаќа и
не се задолжителни.
-
Ресторантското работење опфаќа евиденција на келнер и маса во фискална сметка, припрема на нарачки кон кујна,
двоење на сметки сопред нарачател, можност за автоматско креирање на работен налог со затворање на промет и слично.
|
Техничка подршка, нови верзии и законски измени
Сите измени во EuroSoft ги добивате преку надоградба со понови верзии на постоечкиот програм. Тука спаѓаат проширувања со нови функционалности или корекции во постоечките функционалности, како и евентуалните нови законски измени доколку ги има.
Со купување на EuroSoft добивате техничка подршка во траење од една година со можност за слободна надоградба на нови верзии на програмот кои ќе излезат во меѓувреме. По истекот на тој период, програмот продолжува да функционира најнормално без временски ограничувања. Продолжувањето на техничка подршка не е задолжително. Од било кои причини, тогаш кога ќе се јави потреба за понова верзија на EuroSoft, потребно е да се обноват активациските кодови, за да се продолжи периодот со нова едногодишна техничка подршка.
Цената за продолжувањето на едногодишната техничка подршка се пресметува како 20% од моменталната цена на активираните пакети и проширувања.
Ценовник за техничка подршка
|
Опис на пакетот
|
Цена
|
Првична едногодишна техничка подршка со купување на EuroSoft
|
бесплатно
вклучена во цената на
основниот пакет
|
Продолжување на едногодишна техничка подршка
|
20% од
моменталната цена
на активираните пакети
|
-
Според претходно дадените активациски кодови се пресметува цената колку сега би чинел програмот и
како 20% од таа цена се пресметува цената за едногодишната техничка подршка за тој пакет.
|
На пример, за основниот пакет за трговија кој сега чини 12000 денари, продолжувањето на едногодишната техничка подршка би била 2400 денари.
Доколку последната верзија на EuroSoft која ја имате ви ги задоволува потребите и немате потреба од понови верзии или друга техничка помош од МЕТАДАТА, тогаш нема потреба од купување и продолжување на техничката подршка.
Пробајте го EuroSoft пред да го купите
За секој кој смета дека е потребно, постои можност пробно да почне да го користи EuroSoft без претходно да го купи. Преку Интернет веднаш може да се направи инсталација на програмот на вашиот компјутер и да се активира со временски ограничени активациски кодови.
Временскиот период за пробна работа претходно го договараме, најчесто е до крајот на тековниот или до крајот на следниот месец. Тоа е сосема доволно време и најдобар начин за да може да се види како функционира програмот и дали ги задоволува вашите очекувања и потреби.
За време на пробниот период, EuroSoft функционира најнормално без никакви други ограничувања и вие имате можност да го испробате програмот во реална работа пред да го купите.
Од било која причина доколку се покаже дека програмот не ги задоволува вашите очекувања, вие немате обврска да го купите. По истекот на пробниот период програмот станува нефункционален.
Доколку се решите да го купите EuroSoft, пред истекот на пробниот период потребно е да се уплати договорениот износ по профактура. По плаќањето се добиваат нови временски неограничени активациски кодови.
За продавница или маркет доволен е основниот пакет од 18000 денари.
Залихата се води по малопродажен принцип, влезните Фактури се евидентираат како Приемни Листови.
Преку програмот се издаваат фискални сметки, на крајот на денот со нулирање на касата ја раздолжува залихата со Дневен Пазар.
За ресторан или кафич најсоодветен е проширен пакет од 21000 денари со вклучено ресторантско работење со производство за кујна или шанк.
За секоја отворена сметка се води евиденција од кој келнер е и за која маса е.
Отворените сметки евидентират и печатат нарачки кон кујна или шанк.
Фискалните сметки може да се издават со 5% ДДВ на пример за гостите кои ја носат храната дома.
За храната произведена во кујна автоматски се изработува Работен налог според производствени нормативи и магацински се раздолжува залихата на репроматеријалите.
|
|
За кого е EuroSoft?
|
EuroSoft е наменет за
- Трговци на големо
- Трговци на мало
- Ресторани и кафичи
- Производители
- Индивидуални книговодители
- Книговодствени бироа
дознај повеќе...
|
|