|
|
Верзија 3.9 - објавена на 09.01.2012 - (најнова)
-
Автоматско префрлање на залихите од мината година
Додаден е нов сервис со кој може да се изврши автоматско префрлање на залихата од минатата во новата работна година.
Вреднувањето на набавните цени на залихите или по Просечни набавни цени или по ФИФО во зависност од подесувањето во конфигурација.
-
Автоматско префрлање на побарувања и наплати од мината година
Додаден е нов сервис со кој може да се изврши автоматско префрлање на побарувањата и наплатите од минатата во новата работна година.
Можат да бидат префрлени само документите кои имаат незатворено долговно салдо или пак сите претходни побарувања и наплати со цел да се добијат подетални извештаи за наплатите и побарувањата и доспеаните долгови.
-
Подршка за баркод читачи поврзани на сериска порта
Додадена е подршка за баркод читачи кои имаат приклучок преку сериска порта со можност за подесување во конфигурација.
-
Корекција на датумот и времето на фискалниот принтер Synergy PF500
Имплементирана е команда за подесување на датумот и времето на фискалниот принтер преку програмот.
Верзија 3.8 - објавена на 30.11.2011
-
Евиденција за наплатите на влезните и излезните фактури
Во модулот Материјално во секторот Комерцијала додадена е можност за прецизна евиденција на плаќањата на влезните и излезните фактури.
Плаќањата по фактури можат да се евидентират директно како платени износи или истите автоматски да бидат преземени од модулот Изводи.
-
Евиденција на промет извршен преку банкарски сметки
Додаден е нов модул Изводи за евидентирање на делумен или целосен трансфер на средства преку трансакциските сметки.
Овие податоци подоцна се користат при автоматската распределба на наплатите на влезните и излезните фактури.
-
Автоматско креирање на Нивелации на цени во малопродажба
Документот Нивелации на цени од продажба се користи кога има отстапувања на продажните цени во однос на задолжените цени во малопродажба.
Сервисот за автоматска рекалкулација на нивелации, автоматски ги креира потребните нивелации до колку има отстапување од пропишаните цени во некој дневен пазар или испратница.
-
Заштита на ниво на корисник со лозинка, права и ограничувања
Можност за работа со повеќе корисници и секој корисник да има сопствена лозинка за најава при работа.
Можност за секој корисник поединечно да му се доделат различни права и ограничувања за пристап и менување на податоците.
-
Заклучување на податоците за одреден период или за целата работна година
За одреден период може да се направи контрола на точноста и да се заклучи тој период со цел да се превенират евентуални случајни или намерни измени.
Администратотот само на одредени корисници може да им додели право да ги отклучуваат и заклучуваат податоците.
Верзија 3.7.1 - објавена на 27.10.2011
-
Меѓуверзија со некои подобрувања и најава на идните проширувања
Подобрена е работата со фискалниот печатач Synergy PF500.
Додадена е подршка за работа со фискалната каса David Mikro T.
Верзија 3.7 - објавена на 25.02.2011
-
Работа со фискална каса и издавање на фискални сметки
Додаден е нов модул Фискална каса за работа со фискален принтер.
Се издаваат фискални сметки, можни се и сторнирања на веќе издадените.
На кајот на денот се врши затворање на прометот со нулирање.
Следува автоматско креирање на Дневен Пазар во продавницата и со тоа раздолжување на продавницата со продадената роба.
Моментално е подржан само фискалниот принтерот Synergy PF500.
-
Извод на отворени ставки во финансово книговодство
Ова е можност за прецизно поврзување на книжењата кога документот се задолжува со валута за наплата и кога се книжи негова наплата по извод.
Врз основ на ова поврзување може да се добие прецизен извештај за наплатеност и доспеаност на документи, навременост или каснење со исплатите.
-
Директно креирање на поврзани документи во материјално
Можност за автоматско формирање на поврзани документи во материјално при овторање на нов документ.
Пример отвораме нова Испратница и веднаш ни е креирана соодветна со Фактура и овие два документи се поврзани.
Или креираме Повратница и веднаш се поврзува врз основ на која Испратница.
-
Останати проширувања и подобрувања
Можност за евиденција на повеќе жиросметки по комитент.
Останатио ситни проширувања и подобрувања.
Верзија 3.6.1 - објавена на 03.12.2010
-
Меѓуверзија за корекција на претходната верзија
При печатењето на некои документи од материјално (испратници, фактури), бројот на документот не се прикажува. Сега е корегирано.
Верзија 3.6 - објавена на 17.11.2010
-
Автоматска надоградба преку Internet
Од оваа верзија па натаму, EuroSoft ќе може сам да се надоградува преку Internet конекција.
Ќе може да провери дали постои понова верзија достапна за данлодирање и да прикаже информации што ново нудат новите верзии и кои функционалности се проширени или подобрени.
Доколку е објавена понова верзија на EuroSoft, со едноставна команда зададена преку самиот програм, ќе може автоматски да се данлодира и инсталира (надогради) најновата верзија.
-
Интуитивен систем за помош
Вграден е додатен систем за помош при работа со EuroSoft, кој е наменет посебно за почетниците.
Со позиционирање на глуфчето врз некој елемент (поле за внес на податок или табела) се прикажуват основните команди кои му стојат на располагање на корисникот во дадениот контекст.
-
Комплетна уникод подршка
EuroSoft доби комплетна уникод (unicode) подршка.
Тоа значи дека сега постапката на инсталација е многу едноставна, доволно е да се инсталира само програмот, нема потреба од додатни подесувања во управувачката плоча (Control Panel) за да се овозможи кирилична подршка.
Верзија 3.5 - објавена на 20.10.2010
Врзијата 3.5 е прва официјална објавена верзија на Internet достапна за самостојно данлодирање и инсталирање.
На оваа страна ќе бидат прикажани само новитетите кои се однесуваат на верзиите официјално објавени на Internet после првата официјанла верзија 3.5.
|
|
За кого е EuroSoft?
|
EuroSoft е наменет за
- Трговци на големо
- Трговци на мало
- Ресторани и кафичи
- Производители
- Индивидуални книговодители
- Книговодствени бироа
дознај повеќе...
|
|